Copyright © AuPair.com.mk 2011. All Rights Reserved.

Дали сакате да бидете дел од Норвешката култура?

 

Како аупаир ќе учествувате во секојдневниот живот на едно норвешко семејство. Ова е прекрасна можност да доживеете различна култура и да ги проширите своите хоризонти. Норвешка  има неверојатна природа да понуди за уживање и гледање. Високи планини, борови шуми ,езера, фјордови и убава крајбрежје. Вкупниот број на населението е само од 4,5 милиони на околу 324,000 км2. Главниот град Осло има околу 500.000 жители и  е најголем град во Норвешка.  Луѓето  најчесто  живеат во градови и села, но запомнете дека таму нема многу големи  градови. Транспортниот систем  сепак, е високо развиен. Норвешка има еден од највисоките стандарди  на живеење во светот.

Семејството е многу важно во Норвешка. Семејствата генерално се мали. Повеќето семејства поседуваат своја сопствена куќа или стан. Над една третина, исто така, поседуваат или делат викедица во планините  или на морското крајбрежје. Една од омилените семејни активности е да се посетуваат викендиците.  Кај норвешките деца и млади вообичаено е да се биде член на спортски клуб, училишен бенд или пак во различни младински организации. Препорака за Вас е да се приклучите на некоја од овие активности зошто тоа е одличен начин за стекнување на нови пријателства.

Кои се вашите задачи како аупаир?

Вие како аупаир ќе живеете како член и дел на семејството,ќе се грижите за децата и ќе помагате во домаќинството. Работното време е 5 часа на ден, а најмногу 30 часа неделно. Вие имате право на еден ден  неделно слободен и овој ден најмалку треба да биде двапати месечно. Сепак обврските и работното време како аупаир ќе се разликуваат во зависност од возраста на децата и потребите на семејството.


Следнава листа ги вклучува повеќето работи:

Помош околу децата

• Да им помогнете на децата да се облечат и појадуваат во утринските часови
• Да бидете одговорни за нив во текот на денот
• Да си играте со нив
• Да одите на прошетки со нив
• Да ги донесете до и од училиште / градинка
• Да им помогнете околу домашната работа
• Да зготвите едноставно јадење за децата, да ги измиете и да ги ставите во кревет.

 

Помош во домаќинството

• Да исчистите по децата
• Да ги средите алиштата и околу пегалњето
• Да ги средите садовите и стават во машина
• Да се исчисти со правосмукалка и да се забрише прашина

Вие не сте одговорни за чистење на прозорци, косење на тревникот или други тешки домашни задачи ниту пак да се грижите за домашните миленичиња на семејството, освен ако не се согласите однапред да го правите тоа.

 

Кој може да аплицира

• Ако сте помеѓу 18-30 години
• Ако имате добро искуство во чување на деца
• Ако не се во брак и немате деца
• Ако имате одлично познавање на англискиот јазик
• Ако сте мотивирани за престој во различна култура, далеку од дома, од семејството и пријателите во северниот дел на Европа.

Повеќето семејства сакаат женски кандидати и непушачи. Би било одлично, ако имате некои познавања од Норвешкиот јазик. Како аупаур ќе бидете одговорни и во близина на деца по цел ден па според тоа,  треба да бидете запознаени и да ви е удобно и пријатно со деца.  Ако ги исполнувате овие барања, ние ќе се потрудиме да најдеме семејство за вас.

 

Што добивате како аупаир:

Стипендија

Во домот на семејството домакин имате право на сопствена соба. Ќе добивате бесплатно сместување и месечна стипендија од 4000 НОК. Бидејки во Норвешка аупаир работата се смета како нормална работа па поради тоа ќе бидете обврзани да платите данок на државата. Процентот за данокот се проценува во зависност од вашата месечна плата и од вредноста на сместувањето во кое ќе бидете. На крајот од вашиот престој семејството ќе ви даде и 10,2 % од годишната ваша плата плус како бонус за ваш личен одмор.

 

Платен курс за јазик

Норвешкиот јазик е таму официјален и во текот на вашиот престој таму од вас ќе се очекува да го учите тој јазик. Ќе имате можност да посетувате курс за норвешки јазик или некој друг курс што ви се допаѓа нормално во вашето слободно време. Семејството го плаќа курсот во вредност до 6000 НОК/на годишно ниво.

 

Носталгија

Секој што патува во странство и останува на подолг период таму доживува културен шок и носталгија секој на свој начин и интензитет. Тоа е индивидуално. Многу е битно да сте свесни за ова пред да аплицирате. Ако сте навикнати да патувате често и сте живееле надвор од вашиот дом тогаш прилагодувањето ќе помине многу полесно и побрзо. Многу е природно да чуствувате носталгија. Кога ќе ве фатат такви чуства кога ќе бидете таму нашиот најдобар совет е да разговарате со семејството домакин или пријателите и да се активирате малку повеќе со некое ново хоби, спорт итн.

 

Очекувања

Може да очекувате и да бидете сигурни дека ќе добиете семејство кое ќе се однесува во согласност на сите правила во овој текст. Бидете сигурни дека ќе ви најдеме семејство што најмногу ви одговаара на вашите барања односно што најмногу ви одговара вам. Во секое време може да не контактирате за помош или совет за време на вашиот престој во Норвешка.

 

Што во случај да се појави проблем

Ние секогаш ве советуваме да комуницирате отворено со семејството се со цел да се реши било каков проблем на недоразбирање што може да се појави помеѓу вас. Ако сметате дека тоа не помага веднаш треба да не контактирате. Ние ќе ви асистираме и ќе ви помогнеме да го решите проблемот што се појавил помеѓу вас и семејството. Во случај на итност ќе ви дадеме телефон кој е отворен 24 часа од нашата агенција партнер од Норвешка. Ако е неопходно ќе ви најдеме друго семејство доколку има во тој момент некое слободно. Доколку нема мора да бидете спремни да заминете дома.И за двете страни важи 14 дена одказен рок. Ако најдеме ново семејство за вас ќе мора да пријавите измени во вашата дозвола за престој. Тоа ќе го направите во најблиската полициска станица каде што живее новото семејство. Новото семејство домакин ке ви помогне околу тие формалности.

 

Запознавање со други аупаир

Ние организираме месечни состаноци во Осло и два пати во годината во Ставангер и Берген за ова ќе добиете подетални информации. Норвешка е долга и голема држава па така да е скоро невозможно да се соберат сите на едно место. По вашето пристигнување ќе ви испратиме листа на други аупаир и ви препорачуваме да ја користите со цел да ширите познанства и се запознаете со други девојки кои делат слично искуство како вашето.

 

Осигурување

Вашето семејство домакин ке ве пријави и ќе бидете покриени за време на вашиот престој со Норвешкото здраствено осигурување. Тоа значи доколку се разболите во текот на вашиот престој таму ќе морате да платите само мала минимална сума за лекувањето кај лекарот во болницата што е на државно ниво. Исто така ќе бидете покриени и со патничко осигурување. За повеќе информации околу ова може да добиете понатака во процесот на аплицирање.
Ако се разболите семејството домакин е должно да ве чува и негува. Ако болеста се одолжи повеќе од две недели ќе се советуваме со доктор дали е подобро да останете или да се вратите дома кај своето семејство на понатамошно лекување.

 

Трошоци околу патувањето

Авионската повратна карта до Осло сами ја плаќате. Поевтино е секогаш да се земе повратна карта одколку во еден правец. Ако вашето семејство домакин живее надвор од Осло тие се должни да ви платат превоз до нивниот град од Осло. Не заборавајте да си понесете пари со вас барем за основни трошоци за првата недела од вашиот престој и бидете свесни дека Норвешка е скапа земја за повеќето странци.

 

Регулативи околу влезот во Норвешка

Државјани на ЕУ

Државјаните на ЕУ не мора да вадат визи за да можат да влезат во Норвешка но сепак во првата недела од нивниот престој се задолжени да се пријават за дозвола за престој во локалната полициска станица за да можат да останат повеќе од 3 месеци. Семејството домакин ќе ви помогне околу тоа секако.

 

Не државјани на ЕУ

Не државјаните на ЕУ не смеат да влезат во ниедна од Скандинавските земји без да ја добијат дозволата за работа односно виза. Не можете да аплицирате за таква дозвола пред да бидете поканети од семејството и добиете потпишан договор од нив. Одкако ќе ја добиете визата односно дозволата за работа мора да се договорите со семејството за точен датум за пристигнување кај нив и да резервирате тогаш авионски билет.

 

Одкако ќе пристигнете

Во првата недела од вашиот престој во Норвешка мора да се пријавите во локалната полициска станица каде што ќе ја добиете конечната дозвола за работа. Понатака мора да добиете личен број во канцеларијата за регистрација. Социјалното мора да биде известено за вашиот престој во Норвешка за да можете да добивате медицинска помош додека сте таму. И на крај мора да се пријавите во даночното. Семејството домакин ќе ви помогне околу сите формалности.

 

Здраствени проверки

По пристигнувањето ќе мора да се пријавите за проверка за туберколоза, радиографија, туберколаза тест и ако е потребно да
примите вакцина против туберколоза. Семејството домакин ќе ви помогне околу ова.

 

Процес на апликација

Ако го прочитавте досегашниот текст внимателно и одлучивте дека се ви одговара и дека е ова прилика добра за вас, тогаш следново ни е потребно од вас:

1.-Комплетно потполнет формулар
2.-1 слика за пасош
3.-Најмалку 2 лични препораки од кои барем една да биде препорака за чување деца
4.-1 медицинска потврда
5.-1 потврда за неосудуваност
6.-Копија од пасош
7.-Дипломи за последно завршено образование
8.-Писмо до фамилијата во кое обајснувате зошто сте одлучиле да станете аупаир, зошто ја одбравте баш Норвешка итн...
9.-Фото колаж – слики од вас, вашето семејство, пријатели и децата кои до сега сте ги чувале.

 

Одкако ќе ја примиме вашата комплетна апликација и одкако ќе ве примиме во програмата ние ќе го започнеме процесот на наоѓање на соодветно семејство за вас. Кога ќе го најдеме го праќаме вашиот профил на тоа семејство. А исто така ви праќаме и на вас нивни профил со сите податоци за нив во него. Семејството тогаш ќе ви се јави на телефон да види дали сте и вие заинтерсирани и да се запознаете. Доколку решат дека сакаат вас да ве поканат ќе ве известиме а на вас е да одлучите и да не известите дали ќе ја прифатите нивната понуда. Прифаќањето е обврзувачко! Ако прифатите ќе ви испратиме се што е потребно за да аплицирате за виза во Норвешката амбасада во Скопје, аплицирањето е сега преку интернет, преку нивната официјална веб страна. По ДХЛ ќе ни бидат испратени сите потребни документи. За виза се чека 3 месеци, а се плаќа 140 ЕУ исто така може преку интернет со кредитна картичка.

 

Кога да аплицирам

Бо требало да аплицираш барем 6 месеци пред датумот на кој сакаш да одиш во Норвешка. За сите промени во вашите планови ве молиме да не известите веднаш.

 

Колку долго можам да останам и кога можам да тргнам

Минималниот престој е 6 месеци како аупаир. Максималниот е две години ( но ќе треба да ја продолжите дозволата за престој за уште 12 месеци). Воглавно семејствата преферираат престој од 9-12 месеци. Сместувањето е преку целата година но повеќето аупаир пристигнуваат на лето/рана есен.

 

Каде можам да одам

Имаме семејства низ цела Норвешка. Ви препорачуваме да бидете што е можно по флексибилни што се однесува на местото на престој во Норвешка. Неможеме да гарантираме дека ќе ве сместиме во одреден град или село кое вие го сакате, ви советуваме да напишете Југ, Исток, Запад или Север од Норвешка како желба во вашата апликација. Ве молиме имајте на ум дека во Норвешка нема *големи* градови и запомнете битно е семејството кај кое ќе престојувате а не местото каде што ќе бидете сместени.

 

Одкажување

Доколку семејството се одкаже пред вие да заминете кај нив, ќе ви најдеме замена односно друго семејство.
А доколку вие самостојно се одкажете и си заминете самостојно без да не известите од кај семејството договорот повеќе нема да важи и нема да бидеме одговорни за да ви најдеме друго семејство. За се треба да бидеме известени и заедно да се договараме.
Аконтацијата е неповратна ако сами се одкажете од апликацијата.

 

Одговорности

1. Внимателно прочитајте ги и почитувајте ги правилата на програмата.
2. Сами сте одговорни да аплицирате за виза за дозвола за работа бидејки Македонија не е членка на ЕУ одкако ќе ги примите сите наши инструкции како да го направите тоа.
3. На вас е да си остварите контакт со семејството пред да заминете кај нив, односно да договорите точно време на пристигнување.
4. Ние не можеме да бидеме одговорни доколку во некој несреќен случај Норвешката амбасада го одбие вашето барање. Сепак е тоа амбасада, со нивни права на одлучување. Но во досегашното наше искуство такво нешто се нема случено.
5. Ако е потребно тука сме за секој совет и помош за вас пред да заминете и за време на вашиот престој во Норвешка.

 

Контакт

По пристигнувањето во Норвешка ве молиме да ни пишете емаил или да ни се јавите. Сакаме да бидеме сигурни дека добро сте сместени и дека добро сте се вклопиле со семејството домакин. За време на вашиот цел престој слободно можете да не контактирате ако имате било какви прашања или недоумици. Ние сме тука за да ви помогнеме и би биле срекни и задоволни доколку ви пружиме едно прекрасно искуство полно со нови знаења од Норвешка.