|
Услови, термини и односи 1. Прифаќање на условите, термините и односите Овие услови се поврзани со користење на страната www.aupair.com.mk. Со самото користење на страната Вие индицирате на сложување на овие услови и нивно целосно прифаќање, каде од време на време можни се мали промени во условите, се со цел на нивно подобрување на заедничка корист. Ако не се сложувате со нашите услови, Ве молиме да не се регистрирате или воопшто да не влегувате на нашата страна, ако не се сложувате да има промени во условите исто така избришете ја Вашата регистрација веднаш. Вашето понатамошно користење на страната значи дека се сложувате на нашите услови. 2. Одкажување www.aupair.com.mk го задржува правото да ја одкаже или избрише Вашата регистрација или податоци од нашата база, ако одкрие дека сте оставиле лажни податоци во Вашата регистрација. 3. Содржина на пораките и текстовите Бидете свесни дека сите информации од Вашиот профил, ќе бидат достапни на други целосни или ВИП членови од www.aupair.com.mk. Така да немојте да оставате податоци, кои не би сакале сите да ги знаат. Вие единствено сте одговорни, какви информации оставате на нашата веб страна, и последиците од такви информации и непочитување на нашите упатства. Се сложувате дека нема да ја користите сајтот како можност за да испратите на интернет пораки кои се незаконски, материјални, вознемирувачки, користољубиви, заканувачки, штетни, вулгарни, сексуално или расно ориентирани, или било какви од тој тип што се сметаат за криминални, а кои ќе бидат регулирани со интернационален закон. www.aupair.com.mk го зема правото да избрише секој таков збор било маскиран или немаскиран (на пример “ f..k”). Се сложувате да не преставувате друго лице било вистинско или измислено, вклучувајки ги и консултантите на www.aupair.com.mk, понатака се сложувате да не користите несоодветно име за членство од било кој вид. Се сложувате да не пуштате или да ја користите нашата страна, за да дистрибуирате или испраќате илегален материјал, од било кој вид и форма (текст, графика, видео, програми или аудио). Строго е забрането да се учествува во илегални дискусии со цел да се направат илегални активности. Сите агенции кои би сакале да дојдат до нашите податоци, можат да не контактираат за било каква информација. www.aupair.com.mk има полиса за невраќање на уплатените средствата во случај на Ваше предомислување, еднаш кога средствата се уплатени. На нашата страна Ви нудиме брзо пребарување и регистрирање, врвна технологија и професионалност ценејки го Вашето време и работа. 4. Вчитување на корисничко име и лозинка Вие сами сте одговорни за одржување на тајноста на Вашите информации и лозинката. Вие ќе бидете одговорни, за сите промени во Вашата регистрација, со или без Ваша дозвола. Се сложувате, веднаш да не известите ако има некои недозволени проени во Вашиот профил. |