| Совети - Задолженија - Како до ... | ||||
| Совети | ||||
|
Пари.
Ако е возможно да си заштедите одредена сума на пари, да не бидете зависни за било каква ситница од фамилијата. Бидете претпазливи, можеби првиот месец нема да Ви биде платен веднаш, па би било паметно од дома да си земете барем за почеток патни чекови - (но сериските броеви оделете ги од чековите во случај на кражба). Кредитна картичка би Ви била од голема корист кога сте во странство, на нејзе би можеле и понатаму да си ја ставате заштедата. | ||||
|
Припрема.
Како што се приближува денот на тргнување, ќе треба да ја сортирате гардеробата која најмногу и одговара на климата од државата во која ќе заминете. За жешките земји земете си барем еден пар лесни сандали или апостолки кои ќе им овозмаожат на стопалата да дишат. Природна, памучна облека е многу посоодветна од синтетичката во топлите клими од истите причини. Исто така треба да бидете свесни дека модата не е иста во сите земји. За ладните земји - клими спакувајте си термо под-облека, два пара ракавици и капа. Капут и чизми исто така се неопходни. Ако немате соодветна облека тогаш е подобро да почекате па да си купите облека таму кога ќе пристигнете, бидејки секогаш има некои попусти и облеката не е многу поскапа одколку кај нас, а можеби и од фамилијата ќе Ви подарат нешто за почеток, за да не носите многу работи со себе. Обидете се да не се претоварувате зошто при крајот на Вашиот престој ќе соберете уште многу облека. Сигурно дека ќе помине некое време пред да се вклопите во фамилијата и околината, па така за почеток сконцентрирајте се воглавно на Вашите работни должности. Секогаш можете да ни пратите писмо по пошта или е-маил ако има некој проблем. На некои лица им е најудобно кога се облечени во фармерки или шорцеви и кошули, но Вие ќе мора сепак да се прилагодите и договорите со фамилијата кај што ќе бидете сместени. Затоа што и да одлучите обидете се да изгледате секогаш пристојно и преставително.Не би било наодмет да си понесете со себе добар речник или некој добар кувар со интересни рецепти од нашата земја. Избегнувајте да носите со себе електрични апарати, бидејки скоро се што ќе Ви биде потребно ќе Ви биде обезбедено таму. Можете да си понесете некои мали спомени од дома како на пример слики од најблиските кои кога ќе си ги ставите во Вашата нова соба ќе Ве потсетат на домашната атмосвера. Добра идеја е да им се купи на децата кои што ќе ги чувате мал подарок како знак на внимание. Ова не треба да е скап подарок, може да биде мал сувенир од нашата држава. | ||||
|
Патување.
Само во ретки случаеви фамилијата плаќа за Вашето патување, но скоро секогаш Вие треба сами да си купите повратна авионска карта. Авионските билети можеме и ние да Ви ги резервираме и да Ви најдеме најдобар избор, но можете и сами се разбира. Секако фамилијата ќе се согласи да Ве чека на аеродром, па промени во последен момент на авионски летови не се најдобар избор. Секогаш е подобро да имате отворена резервација. | ||||
|
Сместување.
| ||||
|
Кршење на мразот.
| ||||
|
Вашиот прв ден. Вашата прва цел би требала да биде, што побрзо да ја научите рутината на семејството и да се вклопите во неа. Немојте да се обидувате било што да менувате во таа смисла. Еве неколку приоритетикои треба да ги знаете. 1. Да ги запишете мобилните и обичните телефони на родителите и од децата. 2. Направете листа на телефонски броеви за хитни случаеви и нека Ви бидат при рака. 3. 4. 5. 6. 7. 8. | ||||
| Децата
Во почетокот можеби ќе им биде тешко на децата да се прилагодат на Вас, но ќе треба да работите тешко за да ја заработите нивната доверба и соработка. Првите неколку недели се најважни во остварувањето на добра врска и здрава основа за добар однос со децата. Една од најдобрите работи што можете да ја направите е да бидете што е можно повеќе флексибилни како во однос со децата така и со домашните задачи. Не мора да ја имитирате претходната АuPair или нивната мајка. Ако децата се тешки на почеток, обидете се да избегнувате караници колку е можно повеќе и направете да им биде забавно соработувајки со Вас. На пример ако намерно се влечкаат наутро во нивното облекување, обидете се тоа да го претворите во трка кој прв ќе се облече, а наградата следува после доручекот. Исто така може да се преправате дека сте зависни од нив и неможете во ниеден случај, ништо да направите без нивна помош. Направете да се чуствуваат корисно и добро со тоа што ќе Ви помагаат и ќе Ви покажуваат кое кај се наоѓа, на пример училиштето итн. Понекои дечиња ќе бидат нервозни секогаш кога ќе им се приближите на почетокот, но тие тоа не го прават намерно, но се чуствуваат несигурно. Обидете се да бидете толерантни и не дигајте врева околу тоа, ќе им помине. Наместо тоа вклучете ги во некоја игра која ќе им го одземе вниманието. Можеби можете да почнете со моделирање со пластелин или редење на коцки, па ако ги интересира и тие ќе сакаат да учествуваат во играта. И пред да знаете ќе се спријателите и Вашето пријателство ќе почне да расте како замок од коцки. Сигурно, во секој случај ќе биде потребно многу трпение, но на крај ќе бидете наградени за Вашиот труд. | ||||
|
Поинаква култура | ||||
| Совети - Задолженија - Како до ... | ||||
| ||||
|
Здравје
| ||||
|
Број на работни часови Број на работни часа се 5-6 часа секој ден, 5 дена во неделата (максимум 30 часа неделно) и бејбиситинг 2-3 пати неделно во текот на вечерните часови. Можни се промени во работните часови , а се зависи од Вашиот договор со фамилијата. | ||||
|
Курсеви за јазици Апликантите сами си ги плаќаат патните трошоци, трошоците околу добивање на виза (За Холандија плаќа фамилијата домакин), како и часовите по јазик ако сакаат да ги посетуваат за време на престојот како АuPair (Во Германија ,Холандија и Франција ги плаќа фамилијата домакин), а такви училишта, колеџи ги има насекаде и во голем број. Меѓутоа пак се зависи од договорот со фамилијата - значи оставаме на флексибилност во договарањето. | ||||
|
Полиција Ништо страшно, само ќе треба да се пријавите во рок од 7 дена одкако ќе пристигнете во земјата каде ќе престојувате како АuPair, како странски државјанин каде ќе Ви даде полицијата документ за престој во нивната држава. | ||||
|
Што е AuPair ? Аupair ( бејбиситер) значи, млад човек од кој сака да патува и да стекнува нови искуства. Млади кои ќе имаат шанса да живеат со туѓо семејство, во странска земја, земја која тие ќе ја одберат, кои нема да бидат третирани како домашни помошници, туку како дел од фамилијата нешто како постари браќа или сестри. Мора да биде на возраст помеѓу 17 - 27 години. Мора да има минимално познавање на јазикот од земјата во која сака да патува. Ако имате возачка дозвола, а се препорачува, на располагање ќе Ви биде оставен автомобил. Најголем број од нашите апликанти уживаат во нивниот престој, се привикнуваат и сместуваат удобно со нивните фамилии, со минимални потешкотии. Ние се надеваме дека и Вашето искуство ќе биде такво и дека Вашиот престој ќе биде најдобар. | ||||
|
Зошто да бидам AuPair? Зошто - има повеќе причини, но сепак Вие ја знаете најдобрата за Вас. За мене лично најдобра причина е таа што ќе доживеам еден вид на авантура, а втората е што ќе имам можност да бидам во околина на едно или повеќе деца, бидејки децата се нашето најголемо богатство. Во секој случај големо искуство во животот на еден млад човек, продлабочување на знаења на јазик и други искуства. Вреди да се доживее бидејки животот е еден и треба да го живееме, а не да го посматраме од страна. Џепарлакот за секој AuPair од 1.1.2006 година за тие 30 часа неделно е околу 300 евра, а сепак се зависи во која земја ќе одберете да патувате и од индивидуалниот договор со фамилијата. А секако тука постои и можност за дополнителна работа во слободно време. | ||||
|
Информации за визи Секој озбилен кандидат, пред да аплицира кај нас и да најде фамилија кај која ќе престојува, би требало претходно да се распраша во Амбасадата на соодветната држава за потребните документи за виза. На пример за аплицирање за добивање на виза за aupair за Англија се потребни следните документи: Телефонскиот број од Англиската Амбасада е 02/3-299-299. Повеќе информации на Англиски линк. Меѓутоа нешто многу важно морам да потенцирам тука ние како агенција не сме во можност да Ви гарантираме дека одкако ќе добиете од кај нас гарантно писмо, потребните документи, контакт со фамилијата (телефонски броеви и адреса), дека соодветната амбасада со гаранција ќе Ви даде и виза. Тоа неможеме никако да Ви го гарантираме. Тоа понатака зависи од Вас, од Вашата снаодливост, знаење и на крај среќа. | ||||
| Совети - Задолженија - Како до ... | ||||
| Можам ли и јас да бидам AuPair? | ||||
|
Секако дека можеш. Само цврста желба за тоа што го сакаш и тоа ќе се остари, меѓутоа мора да ги исполнуваш условите како што е возрасната граница, минимално познавање на јазикот, лесна регистрација на нашата страна и секако да ги доставите и соберете сите потребни документи (бидејки за непотполни регистрации не почнуваме да бараме фамилија) а тоа се: | ||||
|