Au Pair во Амстердам, Хаг и низ цела Холандија
Au Pair сместувања низ цела Холандија слободни - веднаш! 
Холандија со нејзината уникатна географија, пријателска атмосвера, класична архитектура и светски познати музеи може да му нуди на секого по нешто. Познати по својата гостопримливост кон туристите , холанѓаните сакаат да раскажуваат за нивниот начин на живот а со оглед на тоа што повеќето од нив го зборат англискиот течно лесно ќе можете да комуницирате со нив и да извлечете од вашиот престој таму максимум. Амстердам сам по себе е популарен по неговите канали, пријатни кафулиња, уличните претстави и возбудливиот ноќен живот. И буквално сите од бизнисмени до фармери и самата Кралица ги користат безбројните добри патеки за велосипеди кои ги има во поголем број од класичните патишта.
Au Pair во Холандија сместувања
Aupairs во Амстердам мора да работат максимум по 30 часа грижејки се за децата неделно вклучувајки со тоа и 3 вечери за што ќе добијат мала надокнада по час.
Aupairs во Амстердам добиваат :
Сместување кај внимателно одбрана и проверена фамилија домакин.
Сопствена соба, целосно опремена.
Месечна стипендија од 300 евра 50 евра надокнада за авионскиот билет или за курс по холандски.
Некои фамилии го плаќаат авионскиот билет однапред меѓутоа со потпишан договор.
2 недели платен годишен одмор.
Платен курс за јазик кој кошта максимум до 275 евра годишно.
Најмалку два цели дена слободни неделно (обично виќендите се слободни).
Платена автобуска карта за да можете да посетувате курс.
Платено основно здраствено и во случај на несреќа осигурување.
Членство во Orange Aupair Club  во кој се вклучени 8 состаноци и прошетки низ градовите.
Пакет за добредојде по Вашето доаѓање со телефонски броеви и е-маил адреси од aupairs во вашата околина.
Напишан курс за прва помош по самото Ваше пристигнување и сертификат за завршен курс на крајот од Вашиот престој.
Локација: Амстердам и низ цела Холандија;
Слободни места: Низ цела година ( Септември – Јуни се најдобри);
Време на престој: 6-12 месеци;
Најблизок аеродром: Амстердам (АМС);
Цена на програмата: 150 евра.
Aupairs во Холандија мора да:
Бидат помеѓу 18-26 години, бидат без обврски и да имаат завршено средно училиште.
Да имаат искуство во чување на деца – бејбиситинг , а најважно од се да ги сакаат децата.
Да можат да се останат кај фамилијата домакин најмалку 10 месеци.
Не постојат обврски околу познавањето на холандскиот јазик бидејки поголемиот број од холандското население го знае англискиот јазик.
Локација: Западна Европа, се граничи со Северното море, помеѓу Белгија и Германија.
Население: 16,491,461 (Јули 2006 ест.)