Добредојдовте на нашата и Ваша страна

www.AuPair.com.mk
ја составуваме јас - Мирјана Кукољ и мојот сопруг Војислав Кукољ со кого заедно ја направивме странава одкако видовме реална потреба за наша македонска од ваков тип.

Навистина постојат аѓенции низ цел свет, но секојпат има најмалку два или повеќе проблеми - или се прескапи за наш стандард или неможеме да им веруваме или пак неможеме да ја пронајдеме вистинската. Интернетот во денешно време стана реалност и кај нас и потреба, па затоа се потрудивме да ја направиме странава што е можно поедноставна за да можете Вие од комфорноста на Вашиот дом полесно да се снајдете низ сето она што ние Ви го нудиме.

Ние сме петочлена фамилија со 3 малолетни деца (Викторија 9, Милена 8 и Билјана 6) па затоа во целост ги разбираме фамилиите кои имаат потреба од помош дома околу децата.Но секако ги разбирам и младите луѓе кои сакаат да одат и да станат AuPair, бидејки и јас самата кога имав 24 години бев во Лондон како AuPair кај едно прекрасно семејство кои се однесуваа со мене најкоректно што може. За младите ова искуство е од непроценливо значење, бидејки не само што ќе запознаат нови луѓе и ќе научат многу нови работи, нова култура на други народи, ќе го извежбаат јазикот и ќе патуваат во нови земји, ќе прошетаат, ќе научат но и ќе заработат. Бидејки сепак со економично користење на џепарлакот и некоја дополнителна работа има добри услови и да се заштеди (да се стават пари на некое конто или кредитна картичка) да се донесат пари дома.

Ние сме една млада но сериозна аѓенција "Aupair-Macedonia" која во моментот соработува со угледни аѓенции од странство кои се реномирани членки на  Aupair Societe, IAPA, RAL- се меѓународни организации за заштита на правата на Аупаир ширум светот што значи дека гарантираме за нашиот Аупаир Програм и сигурност на нашите членови.

Ова го кажувам од мое лично искуство во оваа област. Довербата се стекнува со долгогодишно искуство не се добива на лото.

Прикажи већу мапу
Ви благодариме на довербата
!!!