Copyright © AuPair.com.mk 2011. All Rights Reserved.
Аупаир Програма за Кралството Холандија
Сместување од 12 месеци (што е и максималниот престој) кај внимателно одбрана и проверена фамилија.
Профил од фамилијата домакин, потврда за сместување и договор.
Членство во Аупаир Клубот или паќет за добредојде.
30 часа неделно работа со деца и помош на фамилијата околу лесните домашни задолженија ( нашите фамилии имаат вработено некој што им чисти или се обврзани сами да ги извршуваат тешките домашни работи ).
Сопствена соба, целосно опремена.
Слободни два дена во неделата.
Една цела недела платен одмор за сработени 6 месеци кај фамилијата .
Аупаир стипендија од 300 евра за еден месец целосно сработен која се плаќа на крај од месецот.
Дозволени телефонски разговори во износ од 10 евра месечно.
Дежурни 24 часа телефони за хитни случаеви.
Надокнада за авионскиот билет околу 60 евра месечно.
Целосно платено здраствено, патничко и во случај на незгода осигурување од страна на фамилијата домакин.
Фамилијата плаќа курс за јазик во висина од 275 евра годишно ако останете минимум 6 месеци кај нив.
Платена автобуска карта за да можете да посетувате курс.
Фамилијата аплицира и плаќа за Вашата виза од Холандија.
Се што треба е да знаете добро Англиски, да не сте постари од 26 години и да имате воља за патување и за запознавање на холандското општество и култура.
Нашиот реномиран партнер за Аупаир Програмата за Кралството Холандија е Аупаир Агенцијата од Холандија – Хаг “ House of Orange” која е членка на повеќе интернационални организации за заштита на правата на Аупаир. Се со цел да внесеме поголема сигурност за Вас и поголема доверба кон нас. Затоа работиме само со најдобрите аупаир аѓенции со најдобри препораки од цела Европа.
Потребни документи за аплицирање за Аупаир во Холандија
Потполнета форма за аплицирање, кај нас при самото аплицирање се потполнува ;
Писмо до фамилијата на англиски или по популарното “ Dear family letter”;
Слика за пасош ( насмевнати );
Завршен успешно Аупаир интервју репорт ;
Препораки ( карактерна и за чување на деца )- Ќе Ви ги пратиме како атачмент да ги подполни тој што ќе Ви ги даде може било кој што нема исто презиме со Вас и не Ви е во родбински врски
Фото колаж ( сликани сами и со дечиња 5 - 6 слики ) ;
Медицинска потврда, Ќе Ви ја пратиме како атачмент да ја подполни и стави печат Вашиот матичен лекар ;
Потпишан Аупаир договор ;
Копија од пасош ( сите страни или донесете го пасошот па тука ќе го скенираме ) ;
Копија од возачка дозвола ( доколку ја поседувате ) ;
Преведена на англиски диплома за завршено средно образование или факултет и копија од оригиналот на македонски ;
Уверение дека не сте осудувани од полиција на македонски и преведено на англиски кај Судски преведувач
И на крај аконтација од 50 евра или 3.000,00 денари со која ја докажувате Вашата сериозност во намерата да одите во Холандија како Аупаир.
Документи кои мора да ги понесете кога ќе одите за Холандија
Интернационален извод на родени не постар од 6 месеци со апостил печат од Суд
Валиден пасош
Интернационална возачка дозвола ( доколку ја поседувате )