Copyright © AuPair.com.mk 2011. All Rights Reserved.

Аупаир програма за Германија
 
Усовршете го познавањето на германскиот јазик, живејте една година во Германија, станете член на ново семејство, запознајте нова култура и обичаи!
Аупаир – Македонија може да Ви го овозможи ова вредно и драгоцено животно и ново работно искуство. Најголемата вредност на овој програм е усовршувањето на јазикот и создавањето на трајни пријателства помеѓу различни култури.


Се бараат девојки ( момчиња  ) со следните особини :
срдечни, весели, со искуство во чување на деца ( препораки се обавезни );
со основно познавање на германскиот јазик;
девојките мора да бидат помеѓу 18 и 25 години , немажени;
во добро здравје, комуникативни, толерантни, со широк поглед на свет;
желни за нови искуства и живот во друга земја.
 
Семејствата кои бараат Аупаир се исклучиво проверени германски семејства на кои им е потребна помош околу секојдневните обврски со нивните деца и во извршувањето на лесните куќни задолженија.
 
Обврските на Аупаир :
Чување на децата / бејбиситинг;
Помош околу обавување на лесните домашни задолженија;
Учење на германскиот јазик;
Работно време од 30 саати неделно;
Спремање на лесни оброци за децата;
Почитување и совесно извршување на обврските кои ќе бидат потпишани со договор.
 
Работите кои ќе ги извршуваат Аупаир девојките се точно одредени со договор и строго се контролира неговото почитување. Спрема договорот девојките смеат да работат најмногу 6 саати дневно (30 саати) неделно и имаат 1,5 ден во неделата слободни. Исто така  девојките имаат право на 4 недели платен годишен одмор (на година дена престој) , за кој ќе мора да се договорат претходно со семејството. Кога семејството оди на годишен одмор обично ја зима и Аупаир со нив на нивен трошок (и понатаму им се исплаќа плата). Во колку девојката не оди на одмор со семејството останува во нивната куќа или си го користи својот одмор на свој начин.
 
Обврските се :
 
30 саати работно време неделно ;
1,5 ден слободен во неделата ;
Месечна стипендија од 260 евра – оваа сума е законска и мора да се наведе во договорите инаку амбасадите нема да можат да одабрат виза, но секако постојат повеке други можности да се заработи повеќе кога веќе ќе бидете таму ;
4 недели платен годишен одмор ;
Платена автобуска карта за локалниот превоз таму ;
Платено здраствено осигурување за време на вашиот престој таму ;
Платен целосно или делумно курс за германски јазик.
 
 
Потребни документи за аплицирање за Аупаир Програмата за Германија:
 
Формулар за пријава;
Карактерна препорака;
Препорака за Вашето искуство за чување на деца;
2-3 лични фотографии (пожелно е да донесете слики сликани со деца);
Писмо до фамилијата на германски;
Копија од пасош;
Копија од возачка дозвола (ако ја поседувате);
Аконтација од 3.000,00 денари;
Медицинска потврда;
Потврда за познавање на германскиот јазик;
Потпишана Аупаир изјава.