Copyright © AuPair.com.mk 2011. All Rights Reserved.
Aupair во Франција
Во “Aupair-Macedonia”- првата Аупаир Агенција од Скопје за Франција слободни места во секое време!
Откријте ја богатата француска култура од прва рака живеејки и работејки во Париз, градот на светлината. Домот на Musée du Louvre, Musée d'Orsay, Tour Eiffel, Arc de Triomphe, и Notre-Dame, тука нема никогаш недостиг од знаменитости кои треба да се видат.
Aupairs во Франција работат максимум 30 часа неделно и можеби ќе ги замолат да ги чуваат децата навечер но не повеќе од две вечери неделно.
Au Pairs во Франција добиваат :
Сместување кај внимателно одбрана и проверена фамилија домакин.
Сопствена соба, целосно опремена.
Месечна стипендија од минимум 300 евра.
Најмалку еден цел ден слободен неделно (обично недела).
Платена автобуска карта за да можете да посетувате курс.
Приватно здраствено и во случај на несреќа осигурување проследено од Францускиот систем за социјално безбедносна програма (освен за летните Aupair сместувања).
Aupair во Франција :
Локација: Париз - Франција;
Слободни места: Низ цела година;
Време на престој: 6-12 месеци;
Најблизок аеродром: Париз (ЦДГ);
Потребно време за обработка на податоците и добивање на визата вкупно: 3-4 месеца. (доколку е потребна виза)
Aupairs во Франција мора да:
Бидат помеѓу 18-29 години и да имаат завршено средно училиште.
Да имаат искуство во чување на деца – бејбиситинг , а најважно од се да ги сакаат децата.
Да можат да се обврзат кон фамилијата домакин најмалку 10 месеци, но повеќето фамилии сакаат да aupairs останат кај нив преку целата училишна година, почнувајки од Септември до Јуни.
Да бидат запишани на курс по француски јазик за време на нивниот престој во Франција а тоа е воедно и еден од условите за добивање на виза.
Да имаат основно познавање на францускиот јазик.
Работа во Франција – Слободни места веднаш!
Потребни документи за Аупаир Програмата за Франција :
Потполнет формулар за пријава;
Карактерна препорака;
Препорака за Вашето искуство за чување на деца;
2-3 лични фотографии (пожелно е да донесете слики сликани со деца);
Писмо до фамилијата на француски;
Копија од пасош;
Копија од возачка дозвола (ако ја поседувате);
Медицинска потврда;
Копија од диплома за завршено средно образование на македонски;
Копија од завршено последно образование (средно или факултет) преведено од судски преведувач на француски;
Извод од родените преведен од судски преведувач;
Извод на родените на македонски;
Уверение од Суд дека до сега не сте осудувани на македонски;
Истото уверение од Суд само преведено на француски кај Судски преведувач;
CV – на француски
Потврда за познавање на францускиот јазик или самостајна изјава.