Copyright © AuPair.com.mk 2011. All Rights Reserved.

Аупаир Програми за ЕУ


Усовршете го Вашето познавање на некој странски јазик, живејте една година во ЕУ, станете член на ново семејство, запознајте нова култура и обичаи!
 
Аупаир – Македонија може да Ви го овозможи ова вредно и драгоцено животно и ново работно искуство. Најголемата вредност на овој програм е усовршувањето на јазикот и создавањето на трајни пријателства помеѓу различни култури.
 
Се бараат девојки и момчиња со следните особини :
 
Срдечни, весели, со искуство во чување на деца;
Со основно познавање на германски, француски или англиски јазик;
Аупаир мора да бидат помеѓу 18 и 29 години , немажени;
Во добро здравје, комуникативни, толерантни, со широк поглед на свет;
Желни за нови искуства и живот во друга земја.
 
Семејствата кои бараат Аупаир се исклучиво проверени семејства на кои им е потребна помош околу секојдневните обврски со нивните деца и во извршувањето на лесните домашни работи.
 
Обврските на Аупаир :
 
Чување на децата / бејбиситинг;
Помош околу извршувањето на лесните домашни работи;
Учење на странски јазик;
Работно време од 30 саати неделно;
Спремање на лесни оброци за децата;
Почитување и совесно извршување на обврските кои ќе бидат потпишани со договор
 
Работите кои ќе ги извршуваат Аупаир се точно одредени со договор и строго се контролира неговото почитување. Според договорот аупаир смеат да работат најмногу 6 саати дневно или 30 саати неделно и имаат 2 дена во неделата слободни. И две недели платен годишен одмор.